Your browser does not support SVG
ИПЛ или Индиа Пале Лагер пивата спаѓаат во групата на „крафт” пива - произведени со рачен метод и во мали количини. Еден од најчесто користените методи е "dry hopping", односно рачно додавање на хмељот на ниски температури (околу 0⁰C) во постферментацискиот период. На овој начин се нагласуваат и интензивираат аромите кои се карактеристични за хмељот и со самото тоа му ја даваат автентичноста на пивото.

ЗОШТО India Pale Lager?


Името доаѓа од Велика Британија, поточно од пиварите кои во 18тиот век ги снабдувале со пиво Британските морнари стационирани во Индија, но поради долгиот пат кој требало да го помине, пивото често пристигнувало со различен квалитет.

За да го решат овој проблем тие почнале да додаваат хмељ во бурињата со кои се вршел транспортот. Хмељот, делувајќи како природен конзерванс го продолжил векот на траење на пивото, но и го збогатил мирисот и вкусот на пивото.

РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ IPA И IPL


Lager пивата се разликуваат од Аle пивата според квасецот кој се користи во процесот на производство.

За производство на Лагер пиво се користи т.н квасец за долно вриење (ферментација) кој е активен на пониски температури (7-14⁰C), Додека за производство на Ale пиво се користи квасец за горно вриење (ферментација) кој пак е активен на повисоки температури (20-22⁰C).

ПРИКАЗНАТА НА СКОПСКО ИПЛ


СКОПСКО ИПЛ е најновото пиво од асортиманот на Пивара Скопје со кое прославуваме 95 години постоење и успешна работа како лидер на македонскиот пивски пазар.

ИПЛ, е облагородено СКОПСКО Светло, збогатено со четири видови ароматичен хмељ, кои му даваат овошна, цветна и зачинска нота и пријатна горчина на препознатливиот СКОПСКО вкус, а е направено за сите кои сакаат да пробаат нешто ново, нешто повеќе, нешто уникатно...

КАКО СЕ ПРАВИ?


Процесот на производство на ИПЛ се разликува од оној на СКОПСКО пиво во тоа што хмељот се додава рачно по завршувањето на ферментацијата, на температура од 0⁰C, а потоа се остава да созрее во времетраење од неколку недели.
Овој процес е познат и како slow brewing.

Во овој дел од процесот пивските мајстори постојано го тестираат пивото за да потврдат дека е постигнат саканиот вкус и арома.

ХМЕЉОТ ВО СКОПСКО ИПЛ


СКОПСКО ИПЛ, покрај хмељот кој стандардно се користи за производство на СКОПСКО, е збогатено со уште три сорти благороден хмељ, кои заедно му ја даваат исклучително пријатната арома, која е збир од интензивен микс од овошни, цветни и зачински ноти, како и угодната горчина која те тера да бараш повеќе.

Поради силниот вкус кој хмељот му го дава на пивото, во Скопско ИПЛ можете да уживате доколку го искомбинирате со добро созреани сирења, чизбургери и хамбургери, мексиканска кујна, но и со cheese cake и carrot cake.
Your browser does not support SVG
За максимално уживање во раскошот на вкусови во СКОПСКО ИПЛ, неопходно е пред отворање пивото нежно да се промеша, со цел квасецот да се оддели од дното и да се измеша со остатокот, како би можеле комплетно да уживате во неговата неверојатна арома и раскошниот вкус.